The Egg
By: Andy Weir
Translation: Златко Димитриоски (Zlatko Dimitrioski)
Беше на пат за дома кога умре.
Беше сообраќајна несреќа. Не беше нешто особено извонредно, но сепак смртоносно. Зад себе остави жена и две деца. Беше безболна смрт. Лицата од брза помош сторија се што можеа, но беше залудно. Твоето тело беше толку безмилосно искршено што ова беше подобро за тебе, верувај ми.
И тогаш ме сретна.
“Што се случи?” праша. “Каде сум?”
“Умре,” реков, со тон на констатирање. Нема причина да се залажуваме.
“Имаше… камион и се лизгаше…”
“Аха,” реков.
“Јас… умрев?”
“Аха. Ама не се растревожувај. Сите умираат,” реков.
Ти погледна наоколу. Имаше само пустелија. Само јас и ти. “Какво е ова место?” праша. “Дали е ова животот од онаа страна?”
“Горе долу, да,” реков.
“Ти си господ?” праша.
“Аха,” одговорив. “Јас сум Господ.”
“Моите деца… мојата жена,” ти рече.
“Што со нив?”
“Што ќе биде со нив?”
“Тоа сакам да го видам,” реков. “Ти само што умре и единствената грижа ти е семејството. Е тоа навистина добро.”
Ме погледна со восхит. За тебе не изгледав како Господ. Јас изгледав како обичен маж. Или како жена. Некоја нејасна фигура со авторитет, можеби. Повеќе како професор по граматика отколку Семоќниот.
“Немој да се тревожиш,” реков. “Тие ке бидат во ред. Твоите деца ќе се сеќаваат на тебе како совршен во секој поглед. Тие немаа доволно време за да почнат да те презираат. Жена ти ќе плаче однадвор, меѓутоа потајно ќе и се олесни. Да си бидеме искрени, твојот брак се распаѓаше. Ако ти е за утеха, таа ќе се чувствува виновна затоа што чувствува олеснување.”
“Ох,” рече. “И што ќе ми се случи сега? Ќе одам во рајот, пеколот или негде другде?”
“Не,” реков. “Ќе бидеш реинкарниран.”
“Ах,” рече. “Значи Хиндусите беа во право,”
“Сите религии се во право на некој начин,” реков. “Прошетај се со мене.”
Ме следесе додека чекоревме низ пространството. “Каде одиме?”
“Никаде особено,” реков. “Убаво е да одиме додека разговараме.”
“Тогаш која е поентата?” праша. “Кога ќе се родам пак, ќе бидам празен лист, така? Едно бебе. Значи сите мои искуства и доживувања во овој живот нема да имаат значење.”
“Не е така!” реков. “Го имаш во себе си целото знаење и искуства од сите твои минати животи. Само што сега сеуште не се сеќаваш на нив.”
Застанав и те стиснав за рамењата. “Твојата душа е повеќе величенствена, прекрасана и огромна одколку што можеш да си замислиш. Човечкиот ум може да содржи само мал дел од тоа што си. Тоа е како да си го ставил прстот во чаша со вода за да провериш дали е топла или ладна. Ставаш мал дел од себе во садот и кога ќе го извадиш, си ги стекнал сите искуства што садот ги имал. ”
“Си бил во човек минатите 48 години, значи не си се истегнал сеуште и не си го почувствувал остатоот од твојата огромна свест. Ако престојуваме овде доволно долго ќе почнеш да се сеќаваш на се. Но нема поента да се прави тоа помеѓу секој живот.”
“Колку пати тогаш сум се реинкарнирал?”
“Ох многу пати. Многу и многу. И во многу различни животи.” реков. “Овојпат, ќе бидеш кинеско девојче во 540 година пред н.е.”
“Како, како?” запелтечи. “Ме враќаш назад во времето?”
“Па да, буквално гледано. Времето, како што знаеш, постои само во твојот универзум. Работите се поинакви од таму кадешто јас доаѓам.”
“Од каде си?” праша.
“Ох, се разбира,” објаснив “Јас доаѓам од некаде. Некое друго место. И има други како и јас. Знам дека би сакал да знаеш како е таму, но искрено, не би разбрал.”
“Ох,” воздивна, малку разочаран. “Ама почекај. Ако се реинкарнирам на други места во времето, тогаш сум можел да се преродам и да живеам со самиот себе.”
“Секако. Многу често тоа и се случува. И двата живота се свесни само за својот живот и не ни знаат тека тоа се случува.”
“Па која е поентата на сето тоа?”
“Сериозно?” прашав. “Сериозно? Ме прашуваш за смислата на животот? Зарем не е тоа малку стереотипно?”
“Па тоа е разумно прашање,” ти настојуваше.
Те погледнав во очи. “Смислата на животот, причината за која што ја создадов целата вселена, е за ти да созрееш.”
“Мислиш на човечкиот род? Сакаш ние да созрееме?”
“Не, само ти. Ја создадов целата вселена за тебе. Со секој нов живот ти созреваш и постануваш поголем и поголем интелект.”
“Само јас? А што е со сите други?”
“Нема други,” реков. “Во оваа вселена, сме само јас и ти.”
Немо гледаше во мене. “Но сите луѓе на земјата…”
“Си ти. Различни твои инкарнации.”
“Чекај. Јас сум секој!?”
“Сега почнуваш да разбираш,” реков и те поттупкав на грбот.
“Јас сум секое човечко суштество што некогаш живеело?”
“Или коешто некогаш ќе живее, да.”
“Јас сум Абрахам Линколн?”
“И ти си Џон Вилк Бут, исто така,” додадов.
“Јас сум Хитлер?” рече во ужас.
“Ти си и милионите што ти ги уби.”
“Јас сум Исус?”
“И сите кои те следеа.”
Ти замолчи.
“Секојпат кога си измачувал некого,” реков, “си се измачувал себе си. Секој чин на добрина, си го направил на себе си. Секој среќен и тажен момент што бил искусен од секое човечко суштество бил, или ќе биде искусен од тебе.”
Остана замислен подолго време.
“Зошто?” ме праша. “Зошто сето ова?”
“Затоа што еден ден, ти ке постанеш како јас. Затоа што тоа си ти. Ти си од мојот род. Ти си мое дете.”
“Ох,” рече неверувајќи. “Велиш дека јас сум бог?”
“Не, не сеуште. Ти си зародиш. Ти сеуште растеш. Штом ќе го изживееш секој човечки живот низ времето, тогаш ќе бидеш доволно пораснат за да се родиш.”
“Значи целата вселена,” кажа ти, “е само…”
“Јајце.” Јас одговорив. “Сега е време да тргнеш кон твојот следен живот.”
И те испратив по патот.